• Saturday, 24 January 2026

Ротари клубот „Кочани-Виница“ донираше мебел за новиот објект „Детелинки“ на детската градинка во Кочани

Ротари клубот „Кочани-Виница“ донираше мебел за новиот објект „Детелинки“ на детската градинка во Кочани

Кочани, 23 јануари 2026 (МИА) - Ротари клуб „Кочани‑Виница“ денеска реализираше донација - мебел за новиот објект, клонот „Детелинки“ на Детската градинака „Павлина Вељанова“ од Кочани. 

Донирани се 7 сета детски мебел – 7 маси и 28 столчиња, наменети за најмалите, со цел да им се овозможи поудобен, побезбеден и поубав престој во оваа установа.

На денешната средба беше договорено соработката да продолжи и во наредниот период, при што како клуб се обврзавме и понатаму да помагаме таму каде што има потреба, велат од Ротари клубот „Кочани - Виница“.

Ова е прва донација за клонот „Детелинки“ , нов објект на ДГ „Павлина Вељанова“ од Кочани, со капацитет за згрижување на 141 дете, пуштен во употреба на истекот од минатата 2025 година. ис/нд/

Фото: МИА