• Wednesday, 17 July 2024

Во напад во Конго загинаа 70 лица, од кои девет војници

Во напад во Конго загинаа 70 лица, од кои девет војници

Киншаса, 16 јули 2024 година (МИА) - Најмалку 70 лица, меѓу кои девет војници и сопруга на еден војник, беа убиени во напад од вооружени мажи на село во западно Конго, соопштија денеска локалните власти, во услови кога се зголемува насилството меѓу две ривалски заедници.

Нападот се случи во саботата во селото Кинселе, на околу 100 километри источно од Киншаса, јавија денеска локалните медиуми.

Поради несигурноста и лошата инфраструктура во регионот, смртоносните напади можат да траат со денови без да бидат пријавени кај властите.

Нападот се случил во област каде две месни заедници се борат две години. ссм/