• Friday, 26 July 2024

АИ: Судан увезува оружје од Србија, Кина, Русија, Турција, ОАЕ и од Јемен

АИ: Судан увезува оружје од Србија, Кина, Русија, Турција, ОАЕ и од Јемен

Каиро, 25 јули 2024 (МИА) – Оружје и муниција од Србија, Кина, Русија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и од Јемен се увезува во големи количини и се користи во војната во Судан, соопшти организацијата за човекови права „Амнести интернешнал“ (Amnesty international).

Во извештајот насловен „Новото оружје го поттикнува конфликтот во Судан“ документирано е дека ново развиеното оружје од споменатите земји било увезено во Судан и во соседните земји, а во некои случаи и во Дарфур, што го прекршува ембаргото за оружје во тој регион.

- Со снабдување на Судан со оружје, државите потписнички на Договорот за трговија со оружје, како Кина и Србија, ги прекршуваат своите обврски од членовите 6 и 7 од Договорот, а со тоа ја поткопуваат правно обврзувачката рамка што ја регулира глобалната трговија со оружје, наведува АИ.

Од почетокот на конфликтот помеѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) во април 2023 година, загинаа повеќе од 16.650 луѓе. ми/

фото: МИА архива