• Saturday, 27 July 2024

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Париз, 26 јули 2024 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон ги пречека светските лидери кои вечерва присуствуваат на отворањето на Олимписките игри во Париз.

„Драги пријатели, добредојдовте“, објави Макрон на Х со заедничка фотографија во Елисејската палата каде приреди прием за светските лидери и претставници на меѓународните организации.

Вечерва официјално почнуваат 33-те Летни олимписки игри кои ќе траат до 11 август. јт/

Фото: Х