• Sunday, 28 July 2024

Албанската полиција во соработка со црногорските колеги ослободиле 11 арапски имигранти кои биле земени како заложници

Албанската полиција во соработка со црногорските колеги ослободиле 11 арапски имигранти кои биле земени како заложници

Тирана, 26 јули 2024 (МИА) - Албанската полиција соработуваше со црногорските колеги во финализирање на меѓународната шифрирана операција „Киднапирање“.

- Информациите дадени од албанската државна полиција и разменети преку Европол, со црногорската полиција, овозможија пронаоѓање и ослободување на 11 арапски имигранти кои беа земени како заложници, објави албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала на Фејсбук.

Киднаперите, авганистански имигранти, од кои 2 се уапсени во Црна Гора, под закана со пиштол и применувајќи сила, ги држеле заложниците на планинска територија во Црна Гора, во близина на границата со Албанија, и барале 50.000 евра за да ги ослободат.

-Албанската полиција даде информации за локацијата на овие граѓани и за други елементи кои доведоа до идентификување на сторителите, наведува Бала, постирајќи и видео запис.

Од истрагите постои основа на сомнение дека овие и уште двајца граѓани се вмешани и во други случаи на земање заложници на истиот простор. вт/

Фото: принтскрин