• Saturday, 27 July 2024

Обрадор побара од САД „целосен извештај“ за апсењето на водачите на картелот Синалоа

Обрадор побара од САД „целосен извештај“ за апсењето на водачите на картелот Синалоа

Мексико Сити, 26 јули 2024 (МИА) – Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор денеска побара од САД „целосен извештај“ за апсењето на двајца водачи на моќниот картел Синалоа на територијата на Тексас.

Меѓу уапсените е и ко-основачот на озлогласениот наркокартел Исмаел Замбада Гарсија, алијас „Ел Мајо“.

„Американската влада мора да обезбеди сеопфатен извештај, а не само општи изјави. Мора да има информации, мора да има транспарентност, рече Лопез Обрадор на прес-конференција.
Мексико не беше вклучен во апсењата во Тексас. јт/

Фото: МИА архива