Француската брза железничка мрежа е погодена од „злонамерни дејствија“
- Француската брза железничка мрежа е погодена од „злонамерни дејствија“, меѓу кои и предизвикан пожар - и поради тоа е нарушено одвивањето на транспортниот систем, соопшти утрово железничкиот оператор SNCF.
- Post By Златко Шумковски
- 08:46, 26 July, 2024
![Француската брза железничка мрежа е погодена од „злонамерни дејствија“](https://mia.mk/images/20240726084657_big_730x400_40.webp )
Париз, 26 јули 2024 (МИА) - Француската брза железничка мрежа е погодена од „злонамерни дејствија“, меѓу кои и предизвикан пожар - и поради тоа е нарушено одвивањето на транспортниот систем, соопшти утрово железничкиот оператор SNCF. Соопштението е објавено само неколку часа пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.
„Ова е напад со големи размери за да се парализира мрежата Те-Же-Ве (TGV)“, соопштија од SNCF.
Според нви, многу рути ќе мора да бидат откажани и ситуацијата ќе трае „барем цел викенд додека се вршат поправките“. зш/