• Saturday, 27 July 2024

Најмалку седум војници загинаа во експлозија на мина во Нигерија

Најмалку седум војници загинаа во експлозија на мина во Нигерија

Лагос, 26 јули 2024 (МИА) – Најмалку седум нигериски војници загинаа во експлозија на мина на автопат во државата Борно, жариште на бунтовниците од Боко Харам, соопшти денеска полицијата.

Шаибу Муса, локален полицаец кој помага во борбата против бунтовниците, рече дека воено возило се движело по патот што ги поврзува селата Монгуно и Бага кога активирало импровизирана експлозивна направа. Друг претставник на безбедноста, Иса Букар, додаде дека експлозијата се случила вчера наутро, откако војниците во патрола активирале мина во која загинале седуммина од нив.

Нигерија се соочува со голем број безбедносни предизвици, вклучително долготраен исламистички бунт на североисток, сепаратистичко насилство на југоисток, раширена кражба на нафта во делтата на Нигер и киднапирање за откуп од страна на криминални банди. јт/

Фото: МИА архива