Флорида го отфрли кривичното дело против Трамп за незаконско чување доверливи документи
- Судот на Флорида денеска го отфрли кривичното дело против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кое беше обвинет за незаконско чување доверливи документи во одморалиштето Мар-а-Лаго.
Taлахаси, 15 јули 2024 (МИА) - Судот на Флорида денеска го отфрли кривичното дело против поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кое беше обвинет за незаконско чување доверливи документи во одморалиштето Мар-а-Лаго.
Судијката Ајлин Кенон ја донесе одлуката по сослушувањето на кое адвокатскиот тим на поранешниот претседател повика да се откаже од обвиненијата покренати од специјалниот советник Џек Смит.
Таа одлука доаѓа откако Врховниот суд објави дека претседателот има имунитет за службени дела, пренесува „Гардијан“. рп/
Фото: МИА архива