• Thursday, 18 July 2024

Зголемени тензии во услови на тешки борби на границата меѓу Израел и Либан

Зголемени тензии во услови на тешки борби на границата меѓу Израел и Либан

Бејрут, 17 јули 2024 (МИА) – Проиранскиот Хезболах лансираше повеќе ракети врз северен Израел во текот на ноќта, во услови на растечки тензии на либанско-израелската граница, јави ДПА.

Хезболах соопшти дека истрелал десетици ракети како одмазда за вчерашните напади со израелски дронови, кои резултираа со смрт на пет Сиријци, вклучително и три деца, јавуваат државните медиуми.

Децата, на возраст меѓу 5 и 10 години, се убиени во градот Ам Тут, јави државната Национална новинска агенција (ННА).

Агенцијата соопшти дека двајца мажи биле убиени во напад на израелски дрон врз мотор во јужен Либан.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во објава на Х соопштија дека Хезболах истрелал повеќе од 50 проектили кон Израел.

Израелската армија не пријави повредени и информира дека некои од ракетите биле пресретнати, додека други паднале на отворен терен. јт/

Фото: ЕПА