• Thursday, 18 July 2024

Се зголеми бројот на жртви во пукањето кај џамија во главниот град на Оман

Се зголеми бројот на жртви во пукањето кај џамија во главниот град на Оман

Оман, 17 јули 2024 (МИА) – Во вчерашното пукање во близина на шиитска џамија во главниот град на Оман загинаа шест лица, вклучително и еден полицаец, јави оманската државна новинска агенција.

Агенцијата, повикувајќи се на полициско соопштение, соопшти дека се убиени и тројца напаѓачи.

Како што пренесе ДПА, во нападот се повредени 28 лица од различни националности, соопшти полицијата.

„Кралската оманска полиција, војската и безбедносните служби ги завршија процедурите за справување со инцидентот со пукање што се случи во областа Вади Ал Кабир во губернијата Мускат, се вели во полициското соопштение.

Исламистичката терористичка милиција Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, соопшти агенцијата Амак, која служи како полуофицијален медиум за групата.

Нападот се случил додека муслиманските шиити вршеле верски ритуал. јт/