• Thursday, 18 July 2024

Младите кошаркари поразени од фаворитот Словенија на ЕП

Младите кошаркари поразени од фаворитот Словенија на ЕП

Гдиња, 17 јули 2024 (МИА) - Младинската репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години го претрпе и четвртиот пораз во низа откако во денешниот дуел загуби од Словенија со 71:82 (33:39) на Европското „под 20 години“ за мажи, Дивизија А.

Во најголем дел од натпреварот, бевме рамноправен ривал на досега (заедно со Шпанија), непоразената селекција на Словенија. Но кога требаше нешто повеќе останавме без потребната енергија за завршниот дел од овој елиминациски натпревар во Гдиња.

Јовановиќ го заврши натпреварот со 19 коша, пет асистенции и четири освоени топки, Шошкиќ имаше 15 плус четири скока и исто толку асистенции,Симиќ уште 14 поени и пет скока, Бошалески додаде осум поени и шест скока, а Стојаноски уште седум поени и седум скока во нашата селекција „под 20 години“, која по овој пораз ќе игра за пласман од 9. до 16. место на шампионатот.

Прв противник во таа нокаут-фаза ќе биде поразениот од дуелот Италија - Полска. дс

Фото: КФСМ