• Thursday, 18 July 2024

Саливен стана најмладиот играч во историјата на МЛС со 14 години

Саливен стана најмладиот играч во историјата на МЛС со 14 години

Честер, 18 јули 2024 (МИА) - Во 85. минута од натпреварот (5:1) од регуларниот дел од сезоната на МЛС против Њу Ингланд Револушн, Каван Саливан влезе на теренот за Филаделфија Јунион.

Тој стана најмладиот играч во историјата на големите професионални спортски лиги во Северна Америка. Играчот моментално има 14 години и 293 дена.

Кога ќе наполни 18 години Саливан ќе се пресели во Манчестер сити. зс/

Фото: Фејсбук Филаделфија Јунион