• Thursday, 18 July 2024

Синот на Ибрахимовиќ потпиша професионален договор со Милан

Синот на Ибрахимовиќ потпиша професионален договор со Милан

Милано, 18 јули 2024 (МИА) - Крилниот напаѓач Максимилијан Ибрахимовиќ потпиша професионален договор со Милан, објавено е на клуспкито сајт на „Росо-нерите“.

Седумнаесетгодишниот син на поранешниот фудбалер и сегашен клупски советник Златан Ибрахимовиќ ќе игра за младинскиот тим на Милан.

Минатата сезона Ибрахимовиќ одигра 29 натпревари за младинскиот тим на Милан во првенството до 18 години и постигна три гола. зс/

Фото: ЕПА