• Friday, 19 July 2024

Атаман ги предизвика Селтикси: Ако сакате светска титула, дојдете да не победите

Атаман ги предизвика Селтикси: Ако сакате светска титула, дојдете да не победите

Атина, 18 јули 2024 (МИА) - Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, го предизвика шампионот во НБА, Бостон селтикс.

Откако станаа шампиони во НБА, Селтикс на Твитер напишаа: „Бостон е светски шампион“. 

-Имаат многу високо мислење за себе. Сакаат огромна сума пари за да дојдат да играат во Европа. Вие не сте светски шампиони. Ако сакате светска титула, дојдете да не победите нас, шампионот во Евролигата. Ако сте толку сигурни во себе, дојдете да не победите во ОАКА Арената, изјави предводникот на актуелниот европски и грчки шампион.

Панатинаикос во финалето од елитната Евролига го победи Реал Мадрид, додека во домашното првенство беше поуспешен од Олимпијакос. зс/

Фото: ЕПА