• Friday, 19 July 2024

Ѓоковиќ повторно ќе игра за Србија во Дејвис купот

Ѓоковиќ повторно ќе игра за Србија во Дејвис купот

Белград, 18 јули 2024 (МИА) - Српската тениска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ повторно ќе игра за својата земја во Дејвис купот, соопшти локалната федерација.

Претстојните натпревари на тимот во екипна конкуренција се против Грција и ќе се одржат на 14 и 15 септември во главниот град Белград.

Победникот од пресметката ќе учествува во квалификациите за финалето, кои ќе се одржат следната есен.

Оваа година нашиот северен сосед не успеа да се пласира во последната фаза од натпреварувањето, губејќи од Словачка. Тогаш светскиот број 2 не зема учество.

Освојувачот на 24 Гренд слем титули триумфираше еднаш на турнирот. Тоа се случи во финалето во 2010 година, кога Србија ја победи Франција со 3:2, а тој одигра клучна улога со победите над Жил Симон и Гаел Монфис. дс

Фото: Архива