• Thursday, 18 July 2024

Поинтер противник на Југ во финалето на Државното тениско првенство

Поинтер противник на Југ во финалето на Државното тениско првенство

Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Тенисерите на Поинтер по голема борба и со пресврт, откако го добија мечевите во двојки изборија победа од 4:3 против МТП во вчерашниот дуел од 3. коло од групата 2 и со тоа го освоија првото место. 

Воедно, со овој резултат тие се изборија за реприза на ланското финале во Државното првенство на Македонија против актуелниот првак Југ, кој во дуелот од 3. коло од група 1 постигна победа од 5:0 против Неготино.

Во вториот дуел од групата 2, Битола оствари триумф од 4:0 против Мондано и го освои третото место во групата.

Финалето ќе се игра денес, како и дуелот за 3. место меѓу Неготино и МТП. 

Почетокот на мечевите е во 9 часот на терените на ТК Југ во Градски парк. зс/

Фото: МТФ