• Friday, 19 July 2024

И други фудбалери, покрај француските го отстранија Фернандез од социјалните мрежи

И други фудбалери, покрај француските го отстранија Фернандез од социјалните мрежи

Лондон, 18 јули 2024 (МИА) – Не престануваат реакциите во Челзи по скандалот на Енцо Фернандез кој по репрезентативниот настап во финалето на Копа Америка ги навреди Французите на расна основа.

Сите француски фудбалери на Челзи веднаш по инцидентот го избришаа својот соиграч од профилите на социјалните мрежи.

Исто така, еден Белгиец и еден фудбалер од Брегот на Слоновата Коска веќе не го следат Аргентинецот.

Дефанзивецот на Челзи и француската репрезентација Весли Фофана објави скриншот од видеото со натпис: „Фудбалот во 2024 година – ГОЛ РАСИЗАМ“.

Исто така, стана познато дека Француската фудбалска федерација (ФФФ) ќе испрати барање до ФИФА да биде истражен инцидентот.

Фернадез во автобусот по финалето на Копа Америка во понеделникот, заедно со сонародниците пееше расистичка песна со која ги навреди фудбалерите на француската репрезентација. зс/

Фото: ЕПА