• Thursday, 18 July 2024

Аргентинскиот претседател го отпушти заменик министерот за спорт затоа што го повика Меси да се извини за репрезентативните скандирања

Аргентинскиот претседател го отпушти заменик министерот за спорт затоа што го повика Меси да се извини за репрезентативните скандирања

Буенос Аирес, 18 јули 2024 (МИА) - Аргентинскиот претседател Хавиер Мајли одлучи да го отпушти заменикот министер за спорт на земјата, Хулио Гаро, кој го повика капитенот на репрезентацијата Лионел Меси да се извини за инцидентот со расистичка песна по победата во финалето на Копа Америка во 2024 година.

- Ниту една не може да и каже на репрезентацијата на Аргентина, на светскиот шампион и двократен победник на Купот на Америка, или на кој било друг граѓанин, што да каже, што да мисли и што да прави. Поради оваа причина, Хулио Гаро повеќе не е заменик-министер за спорт на Аргентина, соопштија од кабинетот на претседателот на Аргентина, информира „TyC Sports“.

По освојувањето на финалето на Копа Америка во 2024 година, играчот од средниот ред Енцо Фернандез и неговите сонародници пееја расистичка песна во автобусот на аргентинската репрезентација, навредувајќи ги француските репрезентативци. Фудбалерот подоцна се извини за своето однесување.

Вчера, Светската фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага за инцидентот. зс/

Фото: ЕПА