МИА Најави - МКД (ДПЛ)
- 4 февруари 2025
4 февруари 2025
Скопје/Штип - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе положи цвеќе по повод 153-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело Гоце Делчев (Црква „Свети Спас“/11:00) и ќе го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ каде ќе положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев. (13:00/за време на посетата на Универзитетот предвидена е изјава на Сиљановска-Давкова)
Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе положи цвеќе по повод 153-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. (Црква „Св. Спас“ / 11:00; Медиумите да бидат во црквата „Св. Спас“ најдоцна до 10:00)
Скопје - По повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, делегација на Собранието, во состав Сергеј Попов, Даниела Белимова и Даниела Николова, ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев. (Црква „Св. Спас“ / 11:00)
Скопје - По повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, претседателот на СДСМ Венко Филипче, ќе положи цвеќе на неговиот гроб во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје. (11:00 часот / потоа Филипче ќе даде изјава за медиумите)
Скопје - Делегација на ДУИ ќе положи цвеќе по повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. (Црква „Св. Спас“/11:00)
Штип - Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе ја одбележи 153-годишнината од раѓањето на својот патрон Гоце Делчев. (пред спомен-биста на Делчев, двор на Ректоратот во Ново Село / 13:00; Изјави за медиуми по завршување на настанот ќе дадат ректорот на УГД, Дејан Мираковски, и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов)
Скопје - Прес-конференција на директорот на Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија, Сашо Клековски, по повод Светскиот ден за борба против ракот - 4 Февруари. (Влада на РСМ, кристална сала / 11:00)
Скопје - Прес-конференција на Унијата на здруженија предводени од ЗМСТА - ЗА НАС. (Канцеларија на „Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - ЗА НАС“, ул. 11-ти Октомври бр. 17/1-2, во зградата на Социјалистичка партија)
Скопје - По повод Светскиот ден за борба против ракот - 4 Февруари, Здружението „Хема-онко“ организира панел-дискусија „Обединети по единственост - Преобликување на иднината за грижата за ракот во нашата држава, предизвици и можности“. (Универзитет „Скопје“, амфитеатар на Факултетот за туризам / 13:00)
Скопје - Средба со медиуми (брифинг без камери) организира Групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија. (Простории на Комората, кат 3 / 11:30)
Скопје - Промоција на книгата „Современи театарски осврти“ од Звонко Димоски. (Кафе-книжарница „Буква“ / 19:30)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***