• Wednesday, 05 February 2025

Магла на патниот правец од село Лисец до Попова Шапка

Магла на патниот правец од село Лисец до Попова Шапка

Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - Поради појава на магла намалена видливост до 30 метри има на патниот правец од село Лисец до Попова Шапка, а сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информира ЈП Македонијапат.

Оттаму посочуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.вј/цр/

Фото: МИА архива