Во Битола изложба на фотографии „Идни спомени“ на Дамијана Ристевска
- Во Центарот за култура во Битола вечерва ќе биде отворена изложбата на фотографии „Идни спомени“ чиј автор е Дамијана Ристевска, ученичка во четврта година во гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Битола, 5 февруари 2025 (МИА) - Во Центарот за култура во Битола вечерва ќе биде отворена изложбата на фотографии „Идни спомени“ чиј автор е Дамијана Ристевска, ученичка во четврта година во гимназијата „Јосип Броз Тито“.
Фотографиите на Ристевска се со уметнички израз и ги претставуваат ликовите низ социјалната средина во гимназијата. Преку нејзините фотографии може да се почувствува атмосферата и енергијата која владее низ гимназијата, низ училниците и училишниот двор, во училишната библиотека, насекаде...
Изложбата „Идни спомени“ е четврта по ред самостојна изложба на Ристевска подготвена под менторство на професорот по ликовна уметност Александар Поповски и е во рамки на свечената програма посветена на јубилејот - 80 години настава на современ македонски јазик во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола.
Дамијана Ристевска е талентирана фотографка и составен дел од тимот на семејниот инфо-портал Bitolanews. мт/бак/
Фото: МИА