• Wednesday, 05 February 2025

Општина Струга најави реализација на проекти со вредност од над 10 милиони евра

Општина Струга најави реализација на проекти со вредност од над 10 милиони евра

Струга, 4 февруари 2025 (МИА) - Со средства од над 10 милиони евра Општина Струга ќе реализира повеќе инфраструктурни проекти во текот на оваа и следната година, соопшти денеска општинската прес-служба.

Дел од средствата, односно за над седум милиони евра било аплицирано на повикот од Владата за 2025 година, додека останатите во вредност од околу три милиони евра ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет.

За утврдување на проектите, денеска во кабинетот на градоначалникот Рамис Мерко имало средба со раководителите на секторите. Според информацијата, предвидено е реализација на капитални инвестиции во патната инфраструктура, канализација и водоснабдувањето...

Општина Струга информира дека за подобрувањето на животниот стандард на граѓаните предвидена е изградба на фекални канализации во селата Шум, Заграчани, Ложани и втората фаза во Велешта, како и поврзување со канализациски цевки меѓу селото Радолишта и градот Струга, одведување на фекални води во селото Враништа, изградба на собирна улица С3, новопроектирана 1 и источноколекторски во градот. Предвидено е поставување на водоводни цевки до новиот резервоар во селото Лабуништа, реконструкции на локалниот пат Требеништа - Мислешево, дел од Мислешевски пат, крак 1 и крак 2 до Мислешево. Според информацијата, ќе се реконструира азбестно-цементната водоводна мрежа во Струга, ќе се градат нов објект (блок 3) на СОУ „Нико Нестор“, атмосферска канализација на улицата „Партизанска“, а ќе се реализира и втората фаза од изградбата на улицата „Туристичка“.сс/вј/

Фото: Општина Струга

You May Also Like