Во Брисел средба Муртезани - Мати Масикас, продлабочена соработка со ЕУ во процесот на интеграција
- Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска во Брисел остварил средба со Мати Масикас, извршен директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (EEAS).
Скопје, 4 февруари 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска во Брисел остварил средба со Мати Масикас, извршен директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (EEAS).
Како што соопштија од Министерството за европски прашања, на средбата била истакната важноста на стратешките односи меѓу Северна Македонија и Европската Унија, како и континуираната поддршка на ЕУ за реформскиот процес и интеграцијата на земјата.
- Двете страни разговараа за актуелните предизвици во регионот и пошироко, зајакнувањето на институционалната соработка и спроведувањето на европската агенда, се наведува во соопштението.
Министерот Муртезани ја истакнал посветеноста на Северна Македонија кон реформите и стабилноста во регионот, потенцирајќи дека земјата останува конструктивен партнер во процесот на пристапување.
Извршниот директор Масикас, се додава во сопштението, ја потврдил поддршката на EEAS за Северна Македонија и ја нагласи важноста на продлабочената соработка во клучните области поврзани со европската интеграција. цр/вј/
Фото: Министерство за европски прашања