• Sunday, 23 June 2024

Двајца загинати и 18 повредени во руски напад врз Харков

Двајца загинати и 18 повредени во руски напад врз Харков

Хaрков, 22 јуни 2024 (МИА) - Две лица загинаа денеска, а 18 се повредени кога руските сили гранатираа станбена зграда во Харков во источна Украина, објави градоначалникот на Харков Ихор Терехов на Телеграм.

„Бројот на повредени се зголеми на 18“, објави тој.

Тој претходно изјави дека во нападот била погодена станбена зграда. зш/
фото ЕПА