Шолц загрижен поради изгледите за победа на крајната десница на изборите во Франција
- Post By Златко Шумковски
- 14:54, 23 June, 2024
Берлин, 23 јуни 2024 (МИА ) - Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изрази загриженост поради изгледите за победа на крајната десница на претстојните предвремени парламентарни избори во Франција.
„Загрижен сум за изборите во Франција“, изјави Шолц за јавната телевизија АРД.
„И се надевам дека партиите што не се (Марин) Ле Пен, така кажано, ќе бидат успешни на изборите. Но, тоа треба да одлучи францускиот народ“, додаде тој. зш/
фото ЕПА