• Monday, 24 June 2024

Вашингтон пост: Северна Кореја може да достави 1,6 милиони парчиња артилериска муниција во Русија за 6 месеци

Вашингтон пост: Северна Кореја може да достави 1,6 милиони парчиња артилериска муниција во Русија за 6 месеци

Вашингтон, 23 јуни 2024 (МИА ) - Северна Кореја може да и префрли 1,6 милиони парчиња артилериска муниција на Русија во рок од шест месеци, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на податоци од непрофитната глобална безбедносна организација C4ADS.

Според податоците, од август до јануари, повеќе од 74.000 метрички тони експлозив биле дистрибуирани од две пристаништа на Далечниот исток на Русија на 16 локации, главно долж западната граница во близина на Украина.

Таа тежина е еквивалентна на приближно 1,6 милиони артилериски гранати од типот што Русија ги користеше во војната. зш/