• Wednesday, 26 June 2024

Блинкен го именуваше Том Саливан за нов специјален советник кој ќе го замени Дерек Шоле

Блинкен го именуваше Том Саливан за нов специјален советник кој ќе го замени Дерек Шоле

Вашингтон,  24 јуни 2024 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го назначи Том Саливан за нов специјален советник во Стејт департментот на местото на Дерек Шоле, кој е на нова позиција во Пентагон.

Саливен беше заменик шеф на кабинетот на Блинкен, функција што ја имаше и кога Џон Кери беше државен секретар.

„Саливен поседува незаменлива широчина на знаење за тоа како се формулира и спроведува политиката за национална безбедност, политиката што ја спроведува секој ден во име на американскиот народ“, наведе Блинкен во денешното соопштение од Стејт департментот.

Дерек Шоле, кој како специјален советник во Стејт департментот се занимаваше и со регионот на Западен Балкан, во јули минатата година објави дека се префрла на нова позиција во Министерството за одбрана.

Блинкен денеска објави дека „во текот на изминатите три и пол години се потпирал на мудриот совет и цврстата рака на Дерек Шоле за да помогне во решавањето на најтешките прашања со кои се соочуваат САД“.зш/