• Thursday, 27 June 2024

Кенија распоредува војска за да се справи со насилните протести

Кенија распоредува војска за да се справи со насилните протести

Најроби, 25 јуни 2024 (МИА) – Кениските власти наредија армијата да се распореди за да ја поддржи полицијата додека протестите против зголемувањето на даноците прераснаа во смртоносни судири со безбедносните сили, нагласи министерот за одбрана.

Војската е распоредена да ја поддржи полицијата „како одговор на безбедносната вонредна состојба предизвикана од тековните насилни протести ширум Кенија што резултираа со уништување на критичната инфраструктура“, се вели во соопштението на Аден Баре Дуале. зш/