• Wednesday, 26 June 2024

ЕК: Блокирањето на европските медиуми во Русија е „апсурден одговор“

ЕК: Блокирањето на европските медиуми во Русија е „апсурден одговор“


Брисел, 25 јуни 2024 (МИА) - Блокирањето од денеска на пристапот до 81 европски медиум на територијата на Русија претставува „апсурдна контрамерка“ на мерките преземени од Европската унија против медиумите обвинети за про-Кремљ пропаганда, изјави заменик-претседателката на Европската комисија, Вера Јоурова. 

„Не, пропагандните медиуми финансирани од Русија за ширење дезинформации како дел од руската воена доктрина не личат на независни медиуми. Демократиите го знаат тоа“, одговори таа на Х, критикувајќи го „континуираното кршење на слободата на медиумите од Кремљ“. зш/