• Tuesday, 25 June 2024

Повторно „ирански хакери“ - Од телефонски броеви до лична карта објавени податоците на 65.000 албански граѓани

Повторно „ирански хакери“ - Од телефонски броеви до лична карта објавени податоците на 65.000 албански граѓани

Тирана, 23 јуни 2024 (МИА) - На страната на Телеграм, за која се тврди дека припаѓа на „ирански“ хакери, денеска објавен е список со илјадници имиња на албански граѓани.

- Во оваа листа се податоците на 65 илјади албански граѓани како што се: број на лична карта, име, презиме, место на раѓање, место на живеење, телефонски број.

Ова не е првпат страната на Телеграм, за која се тврди дека припаѓа на „ирански хакери“, да објавува чувствителни податоци за албански државјани.

Ирански хакери“ извршија серија сајбер напади врз албанските институции, владиниот сајт, ТИМЕ системот на граничните премини, полициски оддели, банки ... апоследниот беше против веб-страницата на ИНСТАТ. После тоа реагираше и Институтот за статистика, кој соопшти дека хакерите не влијаеле на податоците од пописот.

Како одговор на иранските сајбернапади кои почнаа во јули 2022 година, албанската влада, на почетокот на септември истата година,  донесе одлука да ги прекине дипломатските односи со Иран.

-Длабинската истрага ни обезбеди неоспорни докази дека сајбернападот врз нашата земја бил организиран и спонзориран од Иран“, кажа тогаш  Рама.
Двете земји имаат тензични односи од 2014 кога Албанија прими 3.000 членови на протераната опозициска група Народна муџахединска организација на Иран(МАК), и го изгради кампот Ашраф,  во близина на Драч. вт/