• Tuesday, 14 April 2026

Јамал за реваншот против Атлетико: Нема да ги оставиме без притисок ниту минута

Јамал за реваншот против Атлетико: Нема да ги оставиме без притисок ниту минута

Мадрид, 14 април 2026 (МИА) – Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, најави беспоштедна борба на реванш натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

- Ветуваме дека ќе се бориме до самиот крај. Нема да ги оставиме без притисок и трчање ниту минута - ќе дадеме сè од себе, рече играчот на прес-конференцијата пред натпреварот.

Реваншот помеѓу Атлетико Мадрид и Барселона ќе се одржи на вечер на „Метрополитано“ во Мадрид, со почеток во 21 часот. Првиот натпревар заврши со победа на Атлетико Мадрид од 2:0.

На другиот вечерашен дуел од елитната фудбалска лига ќе се соочат Ливерпул и Пари Сен-Жермен. По првиот дуел предност од 2:0 имаат парижаните. зс/

Фото: ЕПА