• Wednesday, 15 April 2026

Палмер: Заминувањето на Верстапен од Ред Бул изгледа неизбежно, тоа е колапс на една империја

Палмер: Заминувањето на Верстапен од Ред Бул изгледа неизбежно, тоа е колапс на една империја

Лондон, 14 април 2026 (МИА) - Експертот за Ф1 ТВ и поранешен возач на Формула 1, Џолион Палмер, се осврна на ситуацијата во Ред Бул по најавеното заминувањето во 2027 на Џанпјеро Ламбиазе, тркачкиот инженер во тимот.

- Целата куќа се промени. Зградата е иста, но мебелот е различен. Верстапен сè уште доаѓа на работа во Милтон Кинс, но се збогува со различни луѓе од различни области. И не само тоа, тој не се бори за титулата и не ужива во возењето на сегашните болиди. Неговото заминување ми се чини неизбежно. Другите мора да видат како империјата се распаѓа. Ова е фантастичен тим, тим кој постигнал сè, се одликувал со својата неуморна потрага по совршенство и својата способност да го максимизира својот потенцијал во секој аспект. Сега, сите си заминуваат. Зборуваме за Ламбиазе, но тоа е само врвот на ледениот брег. Со оглед на сите заминувања, Ред Бул поминува низ тежок период. Се прашувам дали работите ќе се стабилизираат под раководство на Лорен Мекјес како шеф на тимот и дали влијанието од заминувањето на Кристијан Хорнер ќе се ублажи. Но, кога ќе видите толку многу големи имиња како си заминуваат, мислите дека веројатно веќе не е толку привлечно место за многумина, изјави Палмер.

Претходно, Ред Бул го напуштија и шефот на тимот, Кристијан Хорнер, советникот Хелмут Марко, спортскиот директор Џонатан Витли и главниот дизајнер Адријан Њуи. зс/

Фото: ЕПА