• Wednesday, 15 April 2026

Триумф на Арсими во дуелот со Пелистер

Триумф на Арсими во дуелот со Пелистер

Гостивар, 14.април 2026 (МИА) – Екипата на Арсими ја постигна десетата победа во првенството откако денеска на домашен терен го совлада Пелистер со 1:0 во дуел од 27.коло од ПФЛ. Единствениот гол го постигна Мухџедин Дардишта во 44.минута. Во вториот дел гостите од Битола беа подобрата екипа, но не успеаја да изедначат.

Арсими остана на седмото место на табелата со 35 бодови, додека Пелистер е на деветтото место со 26 бодови.

Последниот натпревар од оваа рунда се игра попладнево. Во Струмица Брера АП е домаќин на Македонија ЃП. мн/

Фото: ФФМ