• Wednesday, 17 July 2024

Штутгарт издвои рекордна сума за трансфер на Демировиќ

Штутгарт издвои рекордна сума за трансфер на Демировиќ


Штутгарт, 16 јули 2024 (МИА) – Германскиот вицешампион Штутгарт потпиша денеска договор со напаѓачот Ермедин Демировиќ од Аугсбург за клупска рекордна трансфер сума.
Штутгарт со 26-годишниот репрезентативец на Босна и Херцеговина потпиша четиригодишен договор до 2028 година, соопштија од клубот.
Според пишувањата во германскиот печат, Штутгарт ќе плати 21 милиони евра плус дополнителни бонуси за Демировиќ, кој минатата сезона за Аугсбург постигна 15 голови и додаде 10 асистенции.
„Ермедин Демировиќ веќе неколку години ги докажува своите посебни квалитети. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во Бундеслигата“, изјави спортскиот директор на Штутгарт, Фабијан Волгемут. ег ФОТО: Фејсбук