• Wednesday, 17 July 2024

ЕП до 20 години: Македонските кошаркари утре ја стартуваат нокаут фазата

ЕП до 20 години: Македонските кошаркари утре ја стартуваат нокаут фазата


Гдиња, 16 јули 2024 (МИА) – Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години утре со почеток во 13 часот ќе игра против Словенија на стартот од елиминациската фаза на Европското првенство во полскиот град Гдиња.
Пред избраниците на селекторот Боро Смилковски е исклучително тешка задача против репрезентација која со максимални три победи го освои првото место во групата Д.
Од друга страна, македонската репрезентација претрпе три високи порази во групата А од селекциите на Шпанија, Турција и Белгија.
Победникот од утрешниот осминафинален дуел во четвртфиналето ќе игра против поуспешната селекција од пресметката меѓу Италија и Полска.
Поразениот од средбата Македонија-Словенија, ќе игра за пласман од 9. до 16. место. ег ФОТО: КФСМ