• Thursday, 18 July 2024

Македонските фудбалерки поразени од Словенија

Македонските фудбалерки поразени од Словенија

 

Кидричево, 16 јули 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација со пораз ги заврши квалификациите за пласман на Европското првенство 2025, откако вечерва загуби на гостински терен од Словенија со 4-0 (3-0).

Словенија не им остави ниту малку надеж за изненадување на избраничките на селекторот Александар Андов и веќе во шестата минута имаше предност од 2-0 со головите на Прашникар.

Корошец во 33 минута го зголеми водството на домаќинките, а конечниот резултат го постави Каштелец во 71 минута.

Словенија го освои првото место во групата Ц2 со максимални шест победи. Македонија со седум бодови заврши третопласирана зад Латвија, која вечерва на домашен терен ја совлада последнопласираната Молдавија со 2-1. ег ФОТО: ФФМ