• Thursday, 18 July 2024

Манчестер Јунајтед се откажa од Де Лихт

Манчестер Јунајтед се откажa од Де Лихт

Манчестер, 17 јули 2024 (МИА) - Манчестер Јунајтед се откажа од ангажман на Матијас Де Лихт, бидејќи не сака да ја даде трансферната сума што ја бара Баерн Минхен. Наместо тоа, „црвените ѓаволи“ се свртеа кон 18-годишниот Французин Лени Јоро од Лил. Тие ја добија битката за неговиот потпис и покрај интересот на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Баерн сакаше 50 милиони евра плус бонуси за Де Лихт, што Манчестер Јунајтед сметаше дека е премногу. Ова е причината поради која англискиот клуб не упати официјална понуда, иако на почетокот на месецот се појавија информации дека холандскиот интернационалец е многу блиску до преселба на „Олд Трафорд“.

Откажувањето на Јунајтед го става Баерн во тешка ситуација. Баварците се подготвени да го продадат 24-годишниот дефанзивец, но единствениот сериозен интерес за него беше од „црвените ѓаволи“.

Германскиот гигант сега ќе мора да ја намали бараната цена доколку сака да се раздели со него ова лето. дс

Фото: Архива