• Wednesday, 17 July 2024

Шестмина од Шпанија во најдобриот тим на ЕВРО2024

Шестмина од Шпанија во најдобриот тим на ЕВРО2024


Нион, 16 јули 2024 (МИА) – Шпанскиот играч за врска Родри и 17-годишниот Ламине Јамал се меѓу дури шестмината шпански фудбалери во идеалниот тим на ЕУРО 2024 што денеска го објави УЕФА.
УЕФА избра формација 4-3-3 која беше една од најкористените за време на турнирот, а дефанзивецот Кајл Вокер е единствениот англиски играч именуван во тимот.
Покрај Родри, Јамал и Вокер, во најдобрите 11 се најдоа Мајк Маињан (Франција), Мануел Аканџи (Швајцарија), Вилијам Салиба (Франција), Марк Кукурела (Шпанија), Даниел Олмо (Шпанија), Фабијан Руиз (Шпанија). Јамал Мусиала (Германија) и Нико Вилијамс (Шпанија).
Шпанија во финалето ја победи Англија со 2-1 за четврта титула на Европското првенство. ег ФОТО: Фејсбук