• Wednesday, 26 June 2024

Струга ја отвора европската сезона за македонските клубови

Струга ја отвора европската сезона за македонските клубови


Нион, 24 јуни 2024 (МИА) – Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска ги објави термините за одигрување на натпреварите од воведното коло во Лигата на шампиони и Конференциската лига во кои идниот месец ќе настапат три македонски екипи.
Прв на европската сцена ќе излезе шампионот Струга која на 10 јули му гостува на словачкиот првак Слован во Братислава.
Реваншот за закажан за 17 јули во Охрид со почеток во 17 часот.
Освојувачот на македонскиот куп Тиквеш својот дебитантски настап во Европа ќе го има на 11 јули во првото коло во Конференциската лига кога на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од 17 часот ќе му биде домаќин на претставник Бреидаблик.
Вториот македонски претставник во Конференциската лига, Шкендија, на 11 јули од 18 часот ќе му гостува на ерменски Ноах во Абовјан, а реваншот е закажан за 18 идниот месец на Арената во Скопје со почеток во 20 часот. ег ФОТО: Фејсбук