• Wednesday, 26 June 2024

Евро 2024: Словенија избори осминафинале, Србија не ја помина групата

Евро 2024: Словенија избори осминафинале, Србија не ја помина групата

Минхен, 25 јуни 2024 (МИА) - Без голови завршија двата последни натпревара од Ц-групата на Европското фудбалско првенство 2024 одиграни вечерва.

Резултати:
Данска – Србија 0:0
Англија – Словенија 0:0.

Овие резултати најмногу им одговараа на Словенија и на Данска кои успеаја да изборат учество во плејофот, додека за Србија заврши Европското првенство.

Табела: Англија 5 бодови, Данска 3, Словенија 3, Србија 2. зс/

Фото: ЕПА