• Saturday, 06 July 2024

Леао ги одби саудиските милиони

Леао ги одби саудиските милиони

Ријад, 26 јуни 2024 (МИА) - Португалецот Рафаел Леао одбил примамлива понуда од саудиски Ал Хилал и останува на ставот да продолжи во Милан, пишува италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.

Дваесет и пет-годишниот фудбалер минатата сезона со миланскиот гигант постигна 15 гола и 14 асистенции на 47 натпревари.

Во последните недели, зголемен интерес за Леао беше забележан од неколку клубови во Саудиска Арабија, кои се подготвени да платат околу 100 милиони евра за неговиот потпис и му нудат плата од 20 милиони евра по сезона.

Сепак, Португалецот не планира да го напушти Милан ова лето.

Италијанскиот клуб би се разделил со Рафаел Леао само по активирање на неговата ослободителна клаузула, која е во вредност од 175 милиони евра. дс

Фото: Архива