• Wednesday, 03 July 2024

Силвињо: Албанија има одлична иднина, пред шест месеци сите мислеа дека ќе примиме 3-5 гола по натпревар

Силвињо: Албанија има одлична иднина, пред шест месеци сите мислеа дека ќе примиме 3-5 гола по натпревар

Дизелдорф, 25 јуни 2024 (МИА) - Селекторот на албанската фудбалска репрезентација Силвињо гледа светла иднина за оваа репрезентација која синоќа минимално загуби од Шпанија (0:1) во третото коло од групната фаза на ЕП 2024.

По овој пораз Албанија го зазеде последното, четврто место во групата Б со 1 бод го заврши Европското првенство.

- Морам да им се заблагодарам на сите мои избраници за играта. Не беше лесно против Шпанците, но пред шест месеци луѓето мислеа дека ќе примиме три, четири или пет гола на секој меч на ЕП, но не испадна така. Албанската репрезентација има иднина, имаме многу млади играчи. Не сакам да именувам никого конкретно, но задоволен сум со нашиот тим, изјави Силвињо на официјалната веб-страница на ЕП 2024.

Турнирот во Германија беше второ Европско првенство за Албанија во историјата. Тимот дебитираше на континенталниот шампионат во 2016 година. зс/

Фото: ЕПА