Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
- На Европското првенство во фудбал завршија сите натпревари од осминафиналето по што се формираа двојките за четврфиналната фаза.
- Post By Зоран Стерјовски
- 08:18, 3 July, 2024
Берлин, 3 јули 2024 (МИА) - На Европското првенство во фудбал завршија сите натпревари од осминафиналето по што се формираа двојките за четврфиналната фаза.
Во четвртфиналето, домаќинот на првенството Германија ќе игра против Шпанија, Португалија ќе се соочи со Франција, Холандија со Турција, а Англија со Швајцарија.
Двојки и термини за 1/4финалето:
Шпанија - Германија (5 јули, 18 часот)
Португалија - Франција (5 јули, 21 часот)
Англија - Швајцарија (6 јули, 18 часот)
Холандија - Турција (6 јули, 21 часот).
Четвртфиналните средби ќе се играат во Штутгарт, Хамбург, Берлин и Диселдорф. зс/
Фото: ЕПА