• Wednesday, 26 June 2024

Македонските ракометарки загубија од Црна Гора на СП до 20 години

Македонските ракометарки загубија од Црна Гора на СП до 20 години

Скопје, 25 јуни 2024 (МИА) - Македонската репрезентација вечерва во Скопје загуби од Црна Гора со 26:23 во натпревар од последното коло на групната фаза – основен дел. 

Најефикасна во македонскиот состав беше Ива Младеновска со осум постигнати гола.

По овој пораз „црвено-жолтите“ ќе играат за пласман од 13. до 16. место.

Прв противник на Македонките во следната фаза ќе биде Јужна Кореја. Натпреварот ќе се оддигра в четвток со почеток 15:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Другата двојка е Египет – Кина. зс/

Фото: ЕПА