Се повеќе спортисти „заглавени“ во Дубаи и Абу Даби, меѓу нив и Јасикевичиус, Медведев, …
- Кошаркарскиот клуб Фенербахче со соопштение се обрати до јавноста дека нивниот тренер Шарунас Јасикевичиус, играчот Армандо Бејко, физиотерапевтот Капеља Буза и спортскиот директор Угур Озан Шулак се „заглавени“ во Обединетите Арапаски Емирати
- Post By Спорт Инфо
- 19:59, 1 March, 2026
Истанбул, 1.март 2026 (МИА) – Кошаркарскиот клуб Фенербахче со соопштение се обрати до јавноста дека нивниот тренер Шарунас Јасикевичиус, играчот Армандо Бејко, физиотерапевтот Капеља Буза и спортскиот директор Угур Озан Шулак се „заглавени“ во Обединетите Арапаски Емирати. Причината е познато затворањето на аеродромите во Дубаи и Абу Даби, што спречило нивно враќање во Истанбул.
Дел од спортистите пред сè кошаркарите ја користеа паузата во националните првенства поради натпреварите на репрезентациите, а некои како тенисерите останаа во Дубаи откако беа учесници на завршницата на АТП турнирот (Данил Медведев, Мате Павиќ). Причината е позната воената состојба на Блискиот исток.
Таму се наоѓаат и тројца играчи на КК Партизан, а во зоната каде нема летови се наоѓаат и дел од играчите на израелските екипи Хапоел Тел Авив и Макаби.
Некои од натпреварите се одложени, додека од АБА лигата соопштија дека во тешките моменти се целосно екипата на Дубаи, која се натпреварува во оваа лига. мн/
Фото: ЕПА