Неизвесно враќањето на Стеф Кари на теренот
- Првата ѕвезда на Голден Стејт Стеф Кари навести дека неговото враќање на теренот може да биде пролонгирано и да биде подоцна од најавите
- Post By Спорт Инфо
- 18:45, 1 March, 2026
Сан Франциско, 1.март 2026 (МИА) – Првата ѕвезда на Голден Стејт Стеф Кари навести дека неговото враќање на теренот може да биде пролонгирано и да биде подоцна од најавите. Тој има повреда на коленото.
Во интервју во завршницата на дуелот со Лос Анџелес Лејкерс, Кари најави дека наскоро ќе се врати на теренот и дека ќе мора да биде максимално подготвен бидејќи до плеј офот секој натпревар ќе биде исклучително важен. Тој последниот натпревар го одигра кон крајот на јануари, а периодот на лекување трае подолго од проценките со што трае неговата пауза од терените.
Голден Стејт Вориорс со скор 31 победа и 29 порази се наоѓаат на осмото место од Запад. мн/
Фото: ЕПА