• Monday, 02 March 2026

Артета: Ова е голема победа, многу сум среќен

Артета: Ова е голема победа, многу сум среќен

Лондон, 1. март 2026 (МИА) – Лидерот на Премиер лигата Арсенал го доби дербито со Челзи со 2:1 и ја задржа предноста од пет бодови во однос на вториот Манчестер Сити. Победата е секако добредојдена за менаџерот на Арсенал, Микел Артета особено што ова е втор триумф по двата нерешени дуела претходно со Вулверхемптон и Брентфорд.

Ова е голема победа, многу сум среќен. Тимот играше на одличен начин, а беше непријатно на крајот бидејќи и тие имаат квалитетен тим. Не се адаптиравме на играта против 10 играчи и тоа е нешто што треба да се подобри. Имаме чувство дека мора да победуваме и победуваме и победуваме. Победуваме, но тоа не е доволно за да се зголеми разликата. Тоа е нивото на оваа лига, изјави Артета по триумфот над Челзи.

Арсенал во следното коло во среда гостува кај Брајтон. мн/

Фото: ЕПА