• Tuesday, 14 January 2025

Роналдо ќе го продолжи договорот со Ал-Наср со плата од 200 милиони евра

Роналдо ќе го продолжи договорот со Ал-Наср со плата од 200 милиони евра

Мадрид, 14 јануари 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува шпански „As“.

Според изворот, новиот договор со 39-годишниот Португалец ќе трае до летото 2026 година. Платата на напаѓачот ќе биде 200 милиони евра.

Оваа сезона Роналдо одигра 20 натпревари, постигна 17 голови и три асистенции.

Роналдо направи трансфер во Ал Наср од Манчестер јунајте во 2023 година. зс/

Фото: ЕПА