Скандал во Шпанија, уапсен фудбалер на Севиља
- Шпанската полиција го приведе фудбалерот на Севиља, Кике Салас, бидејќи намерно добил жолти картони за да влијае на исходот на натпревар од спортско обложување, соопшти лигата.
- Post By Спорт Миа
- 19:40, 14 January, 2025
Севиља, 14 јануари 2025 (МИА) - Шпанската полиција го приведе фудбалерот на Севиља, Кике Салас, бидејќи намерно добил жолти картони за да влијае на исходот на натпревар од спортско обложување, соопшти лигата.
Локалните медиуми известуваат дека полициските иследници се сомневаат дека Салас намерно добивал жолти картони за да влијае на облозите на членовите на семејството и пријателите во Шпанија.
Салас (22) доби седум жолти картони во последните осум натпревари од шпанската лига минатата сезона, од вкупно десет што ги имаше во сезоната 2023-24.
Дефанзивецот е роден во Севиља, а од 2022 година е дел од најсилниот тим на андалузискиот тим.
Салас сезонава одигра 14 натпревари во Примера и покрај две асистенции, забележа и три жолти картони. дс
Фото: Принтскрин